Зошто Samsung
паметен телевизор?
Најди ги сите омилени содржини на едно место
Samsung Tizen OS
Истражи широк асортиман апликации и услуги на Samsung Tizen OS.1 Заштеди време на пребарување и впушти се во омилените серии и филмови.
Креирај го својот
паметен дом со
Samsung паметен телевизор
Паметен дом
Поврзи ги уредите во домот со Samsung паметниот телевизор и уживај во сите SmartThings4 карактеристики што можат да го разубават твојот живот. Полесно управувај со секојдневието, следи ги уредите, оптимизирај ја потрошувачката на енергија со AI Energy Mode5 и многу повеќе.
Телефонот и телевизорот,
совршен спој
Поврзување телефон
Поврзи го паметниот телефон со телевизорот за да ги отклучиш практичните карактеристики. Пресликај ги содржините од телефонот на поголем TV екран или истовремено гледај содржини од телефонот на телевизорот со помош на Multi View.6 Дури и можеш да го користиш телефонот како далечински управувач.
Проширување граници со
апликациите Apple TV & AirPlay
Апликации Apple TV и AirPlay
Samsung паметните телевизори се компатибилни со Apple TV апликацијата и AirPlay.7 Поврзи ги и гледај од твоите Apple уреди преку AirPlay. Или гледај Apple Original серии и филмови на апликацијата Apple TV.
SolarCell Remote е сѐ што ти е потребно
SolarCell Remote
SolarCell Remote8 се полни со помош на светлина, така што никогаш повеќе нема да треба да менуваш батерии. Покрај тоа, може да го користиш за да ги контролираш и телевизорот и поврзаните уреди, наместо да користиш посебен далечински управувач за секој уред. Сѐ што ти треба - на твојата дланка.
Истражи ги паметните телевизори
-
Преглед
-
Големина на екран
Дознај повеќе за Samsung паметни телевизори
Твојот премин кон светот на Samsung
За пристап до Smart Hub, нашата паметна услуга базирана на мрежа што вклучува апликации (како на пример апликации за стриминг услуги) и до нашите други паметни карактеристики достапни на вашиот уред, потребна е Samsung account.
Има разни придобивки кога ќе се најавиш на својата Samsung account.
Ти ги носи најдобрите апликации
Илјадници апликации достапни за бесплатно преземање и автоматско ажурирање.
Поврзи ја својата сметка директно од Galaxy телефонот и уживај во гледањето.
Лесно се поврзува преку мобилен телефон и нема потреба од дополнителни апликации благодарение на карактеристиката за резервна копија кога се најавуваш.
* Списоците со преземените апликации и нивниот редослед ќе се обнови.
Паметно секојдневие, Bixby9
Побарај од Bixby да ти препорача емисии, да направи брзо пребарување или да ги контролира поврзаните уреди.
Сѐ што треба да направиш е да кажеш „Hi, Bixby“, а потоа ќе се појави на екранот.
· Фотографиите е симулирани за илустрација. Промените на спецификациите за корисничкиот интерфејс, изгледот и дизајнот може да бидат променети без известување. Корисничкиот интерфејс може да се разликува во зависност од регионот.
· Деталните спецификации може да се разликуваат во зависност од моделот, затоа погледнете ја страницата со детали за производот.
1. Samsung Tizen OS: * Содржината и услугите може да се разликуваат во зависност од регионот и подлежат на промени без претходно известување. Пред употреба, потребна е согласност со Условите за користење и Политиката за приватност на Smart Hub. За некои содржини и услуги е потребна регистрација и претплата. Потребна е Samsung account за да е достапен целиот спектар карактеристики на Samsung Tizen OS, вклучувајќи ги карактеристиките и апликациите на паметниот телевизор, освен за Кина, Турција и Израел. Ако одлучите да не се најавите, ќе можете да се поврзете само на терестријална телевизија (важи само за уреди со тјунери) и на надворешни уреди, (на пр. преку HDMI). Можеби ќе треба да користите посебен уред (на пр. PC или мобилен телефон) за да креирате Samsung account. Може да биде потребна претплата за некои услуги. Одредени услуги за гледање може да не се достапни во сите региони.
2. Бескрајни бесплатни содржини: Бројот на канали, вклучувајќи ги и каналите овозможени од Samsung TV Plus и апликации на трети страни се тековни, почнувајќи од мај 2024 г. во секоја земја. Каналите може да се разликуваат во зависност од земјата и подлежат на промени без известување. Потребна е Samsung account. Може да е потребно преземање апликации, регистрација и најава за пристап до каналите овозможени од трети страни.
3. Samsung TV Plus: Каналите може да се разликуваат во зависност од земјата и подлежат на промени без претходно известување. Поддржаните Samsung уреди може да се разликуваат во зависност од земјата. Потребна е Samsung account. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување. На Samsung TV Plus може да се појавуваат реклами. Бесплатно достапни на Samsung паметните телевизори пуштени во продажба од 2016 г.
4. SmartThings: Достапната технологија, функциите и карактеристиките може да се разликуваат во зависност од земјата, добавувачот на услуги, мрежното опкружување или производот и подлежат на промени без известување. Потребно е Wi-Fi-поврзување, Bluetooth или поврзување на друга безжична мрежа и најава на Samsung account. Поврзаните уреди се продаваат одделно. За употреба на т.н. мирна технологија (анг. calm technology) потребно е да се согласите и на известувањето за приватност на SmartThings и на автоматски регистрираниот уред. Корисничкиот интерфејс подлежи на промени без претходно известување.
5. AI Energy Mode: Стапката на заштеда на енергија може да се разликува во зависност од регионот, моделот, големината, условите на гледање или типот на содржина. Производите испорачани во Eco режимот стандардно ги имаат некои од карактеристиките на AI Energy Mode. Така што, заштедата на енергија со вклучување на AI Energy Mode може да се чини пониска во споредба со стандардниот режим. AI Energy режимот не функционира со режимот за игри. Заштедата на енергија е врз основа на резултатите од интерното тестирање и може да се разликува во зависност од содржината што се прикажува и нивоата на опкружувачкото осветлување.
6. Multi View: Бројот на достапни прегледи и поддржани апликации/извори зависи од моделот на телевизор и може да се надгради без претходно известување. Потребна е Samsung account. Multi View е достапно на сите модели телевизори од сериите Samsung Neo QLED / OLED / QLED пуштени во продажба од 2020 г. Кај Samsung Crystal UHD серијата, поддршката за Multi View се разликува во зависност од регионот и моделот, затоа погледнете ја релевантната страница со детали за производот за повеќе информации. Кај Android мобилни уреди, Multi View карактеристиката е достапна на Android OS 4.2 и понови верзии. Кај iOS мобилни уреди, Multi View карактеристиката е достапна на iOS 12.3 и понови верзии во комбинација со Samsung TV Q70 сериите и понови модели на телевизори. Вистинскиот кориснички интерфејс може да се разликува од прикажаниот на сликата.
7. Apple TV апликација и AirPlay: Потребна е претплата за Apple TV+ за да се пристапува до содржините на Apple TV+. За функцијата AirPlay е потребен iOS 12.3 или понова верзија или macOS 10.14.5 или понова верзија. За користење AirPlay, потребно е телевизорот и Apple уредите да бидат поврзани на истата Wi-Fi мрежа. Имајте на ум дека AirPlay е компатибилна само со одредени уреди. Апликацијата Apple TV и AirPlay може да бидат откажани во секое време.
8. SolarCell Remote: За да го наполните далечинскиот управувач со соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Поставете го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставите во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина. Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полните со USB-C кабел. За да го проверите преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледнете го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач). Дизајнот и распоредот на копчињата на далечинскиот управувач SolarCell Remote може да се разликуваат во зависност од регионот.
9. Гласовната команда Bixby поддржува англиски (САД/Обединетото Кралство), француски, шпански, германски, италијански, кинески и корејски јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази.