Полни го со светлина, а не со батерии
SolarCell Remote
Време е да ја наполниш својата одржливост. SolarCell Remote1 може д се полни со сончева светлина или со внатрешно осветлување благодарение на соларниот панел на задниот дел. Веќе нема потреба од батерии за еднократна употреба.
SolarCell Remote е сѐ што ти е потребно
Намали го нередот така што ќе користиш само еден далечински управувач. SolarCell Remote може да работи со телевизорот и со уредите што се компатибилни со него, како конзоли за играње и саундбар системи, така што нема да ти треба посебен далечински за секој уред.2
Пристапувај до апликациите со само едно притискање на копче
Полесна контрола
Лесно пристапувај до омилените содржини со копче наменето за тоа да те однесе директно до омилената стриминг услуга.3
Само кажи што сакаш
Повеќе гласовни асистенти4
Целосно ново ниво на практичност што ти е на дофат на прсти. Благодарение на вградениот микрофон, SolarCell Remote поддржув гласовни асистенти како што се Bixby и Amazon Alexa. Може да побараш да се смени каналот, да пребарува серии, отворени апликации и многу повеќе.
Како се спарува SolarCell Remote
со Samsung TV
- 1. Вклучи го телевизорот.
- 2. Насочи го далечинскиот управувач кон телевизорот.
- 3. Истовремено притисни и задржи ги копчињата [Return] и
[Play/Pause]. - 4. Пушти ги копчињата кога ќе видиш
порака на телевизорот која
посочува на тоа дека далечинскиот управувач е поврзан.
Истражи ги паметните телевизори
-
Преглед
-
Големина на екран
Дознај повеќе за Samsung паметни телевизори
· Фотографиите е симулирани за илустрација. Промените на спецификациите за корисничкиот интерфејс, изгледот и дизајнот може да бидат променети без известување. Корисничкиот интерфејс може да се разликува во зависност од регионот.
· Деталните спецификации може да се разликуваат во зависност од моделот, затоа погледнете ја страницата со детали за производот.
1. SolarCell Remote: За да го наполните далечинскиот управувач со соларна енергија, поставете го далечинскиот управувач свртен надолу, така што соларниот панел ќе биде свртен нагоре. Поставете го во дневната просторија со вклучени светла или, пак, може да го поставите во близина на прозорец каде ќе впива природна сончева светлина. Во случај да се испразни батеријата на далечинскиот управувач, може да ја полните со USB-C кабел. За да го проверите преостанатото ниво на батерија на далечинскиот управувач, погледнете го менито на телевизорот (Поставки > Општи поставки и приватност > Енергија и заштеда на енергија > Достапна батерија на далечинскиот управувач). Дизајнот и распоредот на копчињата на далечинскиот управувач SolarCell Remote може да се разликуваат во зависност од регионот.
2. Оваа функција може да не е достапна кај одредени модели.
3. Дизајнот и распоредот на копчињата на далечинскиот управувач SolarCell Remote може да се разликуваат во зависност од регионот. Поддршката за функционалноста на копчињата може да биде откажана во секој момент, без претходно известување.
4. Повеќе гласовни асистенти: Samsung може во кое било време и по сопствено убедување, без претходно предупредување или известување, да ги промени услугите за гласовен асистент или да го одложи и/или прекине давањето на услугите за гласовен асистент или кој било дел од услугата. Наведените содржини, ТВ услуги и можности може да не се достапни во сите региони и територии. Потребна е Samsung account. Гласовната команда Bixby препознава англиски (САД/Обединетото Кралство), француски, шпански, германски, италијански, кинески и корејски јазик. Не ги препознава сите акценти, дијалекти и изрази. Amazon, Alexa и сите поврзани логоа се трговски марки на Amazon.com, Inc. или нејзините поврзани компании.