Паметно живеење
со далечински
управувач за телевизор
Воведувањето далечински управувач за
телевизор доведе до развој на далечински
управувачи со разни практични функции,
за да живеееш попаметно. Продолжи со
читање за да дознаеш повеќе.
Стигни брзо до твојата содржина
Со широката употреба на паметни телевизори, сега може да уживаш во голем избор видео-содржина од општо емитување до филмови, драми, музика, игри, спорт, па дури и услуги за стриминг, како Netflix и YouTube. Високата побарувачка на разна содржина на телевизорите значи дека далечинскиот управувач кој помага за брзо и лесно наоѓање содржина станува многу важно.
Има неколку нешта кои го сочинуваат оптималниот далечински управувач. Не треба да биде комплицирано со непотребни копчиња и треба да пружа концизен дизајн со интуитивна навигација. Треба да има и функција за препознавање на глас за брзо пребарување на наслови наместо да мора да се напишаат и треба да има брзи копчиња за апликациите кои се користат често за да можеш да им пристапиш со само едно притискање на копче. Со сето ова, еден далечински управувач се смета за оптимизиран за практична употреба и брзо пребарување.
Сега има само еден далечински управувач
Можеби досега си користел повеќе далечински управувачи истовремено кога користиш разни уреди поврзани на твојот телевизор. Еден од начините да го промениш тоа е да купиш универзален далечински управувач. Меѓутоа, потоа ќе имаш тешкотии во неговото нагодување за што ќе треба да го поврзеш не само со телевизорот туку и со сите други уреди кои сакаш да ги додадеш.
Затоа, не ли би било попрактично кога би можел да контролираш повеќе уреди со само еден далечински управувач без потреба од сложени и непотребни поврзувања? Па, сега можеш со далечинскиот управувач Samsung One. Тој може да ги контролира сите надворешни уреди кои се поврзани преку автоматска детекција без никакви дополнителни нагодувања. Сега може да му ставиш крај на барањето на вистинскиот далечински управувач со користење на само еден далечински управувач за телевизор за брзо да пристапиш до сите твои поврзани надворешни уреди и содржини.
Твојот паметен телефон,
вториот далечински управувач
Најновите паметни телевизори нудат погодност за нивно управување преку апликации за далечинско управување што можеш да ги инсталираш на твојот мобилен телефон. Па, сега додека лежиш на каучот со телефонот во рака, не мора да стануваш да го најдеш далечинскиот управувач за да го вклучиш телевизорот, затоа што со апликацијата за далечински управувач можеш само да го притиснеш копчето за Вклучување и да го вклучиш. И откако ќе го вклучиш, можеш лесно да менуваш канали, да го приспособуваш звукот и многу повеќе и сето тоа преку истата апликација на твојот телефон.
* За користење на апликации за далечински управувач, на мобилниот телефон мора да бидат инсталирани конкретни апликации.
* И телевизорот и телефонот мора да бидат поврзани на истата мрежа.
* За Samsung телевизори, инсталирај ја апликацијата „SmartThings“. Таа поддржува разновидни функции вклучувајќи споделување фотографии, View TV on Phone и Mirror Screen (Smart View).
* Достапноста на оваа функција може да се разликува во зависност од регионот и/или моделот. Ако сакаш да добиеш подетални информации, провери ја страницата со детали за секој модел на производот.