Што е
QLED телевизор?

Дали некогаш си се запрашал што е QLED телевизор
и како функционира?
Дозволи ни да ти објасниме на едноставен начин.

Што е QLED телевизор и квантна точка?

QLED телевизор е телевизор заснован на технологијата на квантни точки, а тој материјал од квантна точка е она што ги прави QLED телевизорите поразлични од конвенционалните.

Па, што е квантна точка?

Квантни точки се ултра-фини полупроводнички материјали со големина на нано-честички. Овие точки создаваат различни бои од светлината во зависност од големината на честичката—колку е поголема, толку е поцрвена бојата, а колку е помала, толку е посина. Тие можат да емитираат прецизна обоена светлина бидејќи големината на честичките се приспособува на брзината на квантно ниво, што резултира со прецизни и ефикасни емисии на боја. Поголемата ефикасност во осветлувањето носи огромни промени во целокупниот квалитет на сликата.

Што е толку посебно
кај QLED телевизорите?

QLED телевизорите ги користат многуте уникатни карактеристики кои ги нудат квантните точки, како што е „висока осветленост“. Осветленоста се однесува на тоа колку светол изгледа екранот и таа светлина е важен фактор кој влијае на другите елементи кои сочинуваат квалитетна слика. Прво, соодносот на контрастот природно се подобрува кога светлината е повисока. Кога може да се изразува светол и темен приказ на видеа и слики, тоа е познато како HDR - high dynamic range (висок динамички опсег). Овој HDR, кој е суштинска компонента на квалитетот на сликата, дополнително се подобрува, обезбедувајќи чисти и богати слики.

Сега, ајде да видиме како сето тоа влијае на бојата.

Ефектот на светлината врз квалитетот на бојата е едноставен. На пример, во спектарот на црвената боја има опсег на светли и темни црвени нијанси, но QLED телевизорите подобро го изразуваат овој опсег на бои. Оваа уникатна QLED технологија, заедно со други технологии, како што е Direct Full Array, обезбедува сосема поинаков квалитет на слика и пореалистично гледање споредено со телевизори кои немаат QLED технологија.

Искинато парче материјал со примарна боја Искинато парче материјал со примарна боја

Која е разликата?
QLED наспроти OLED

Со пристигнувањето на QLED телевизорите, многу луѓе сакаат да знаат по што се разликуваат од OLED. Сè се сведува на различните технолошки принципи. QLED телевизорите користат квантни точки кои се неоргански, трајни, стабилни и овозможуваат одлична боја и светлина. Додека пак, OLED телевизорите користат спорен органски материјал кој ги прави подложни на задржување на сликата.

Бидејќи телевизорот не е уред кој често се менува, треба добро да размислиш дали има некои фактори поради кои може да се покаеш по купувањето. Како што е споменато погоре, OLED телевизорите не можат да избегнат ефект на „изгореници“ (Burn-in) поради видот на нивните само-осветлени органски екрани. Ефектот на изгореници (Burn-in) е постојан дефект во панелот каде се појавува остаток од слика на екранот која останува трајно. Ако мислите на често прикажувани слики, како логоа на емитувачи, тие се во истата фиксна област одреден временски период. Постојано прикажување на истото лого на истото место е доволно да се појави „изгореница“ (Burn-in). Предноста на QLED телевизорите е во тоа што може да ја гледаш твојата содржина подолго време без да се грижиш за ефектот на изгореници—овозможувајќи подолг работен век на целокупниот ТВ.

Знаејќи го сето тоа, што мислиш дека е подобра опција за вложување?

  • * Под сликата се дадени зборовите „OLED Burn-in“.
  • * Содржината на екраните се симулирани слики и служат исклучиво како пример.

Рецензии од вистински
корисници на QLED телевизор

Ако планираш да купуваш QLED телевизор, нормално ќе сакаш да видиш изјави од вистински корисници и да видиш колку се задоволни. Ајде да погледнеме неколку рецензии за QLED телевизори од корисници кои ги купиле.

Истражи го светот на QLED

Откриј го The Frame
со QLED технологија.