Bespoke Jet™

Уживај во лесен начин на празнење и полнење на правосмукалката. All-in-one Clean Station™ користи „Air Pulse“ технологија, создавајќи движење како отчукување на срце со кое се тресе прашината со пулсирачки воздух, истовремено полнејќи ја батеријата. И фаќа 99,999 % ситна прашина⁸, а антибактериската торба за прашина спречува 99,9 % ширење на бактерии⁹.

Samsung Jet™ - моќно чистење со помалку напор

Супер лесна и супер моќна, безжината стик правосмукалка Samsung Jet™ го прави чистењето на домот полесно од кога било досега,
со моќ на вшмукување до 200 W⁴ и батерија со голем капацитет којашто трае до еден час⁵ без пауза за полнење.
А да не го споменуваме и повеќеслојниот систем за филтрација којшто фаќа до 99,999%¹ од ситната прашина² и ги намалува алергените⁶,
како и специјализираните четки, дизајнирани за отстранување дури и на ситните честички.

Силно вшмукување за
длабинско чистење

Собери ги истурените житарици и влакната од милениците за секунда, со моќ на вшмукување до 200 W⁴.

Фаќа 99,999 %¹ од ситната прашина² и ги намалува алергените⁶

Повеќеслојниот систем за филтрација помага во одржување
чист воздух во домот
исто како подовите.

Извонредно чистење на влакната од милениците

Разните четки на Samsung Jet собираат
ситни честички и ефикасно ги чистат влакната од милениците.

Лесно и хигиенско празнење на садот за прашина

Лесно исфрли ја насобраната прашина без да се грижиш дека ќе се разлетаат честички прашина.

Samsung Jet Bot™ - Интелигентно чистење со вештачка интелигенција

Исчисти го домот без да мрднеш со прст, со робот правосмукалката Samsung Jet Bot™.
Со помош на 3D сензори и препознавањето предмети со помош на вештачка интелигенција, Jet Bot™ избегнува можни пречки и кршливи предмети
за да го најде најдобриот пат низ домот, додека LiDAR ја следи неговата локација, за да не ги пропушти валканите места.
Дури се празни и сама во садот за прашина.

Паметно чистење со
препознавање предмети со помош на вештачка интелигенција

Jet Bot™ се грижи да го исчисти секој милиметар, без да наидува на пречки, со помош на вештачка интелигенција, 3D сензор и технологија на сензори LiDAR.

Чисти со долготрајна моќ на вшмукување

Уживај во максимално вшмукување коешто трае од чистење до чистење, благодарение на Jet Cyclone и напредниот дигитален инвертер мотор.

Робот правосмукалка
што се празни самата

Jet Bot™ автоматски се враќа до Clean Station™ за да се испразни од прашината,
со помош на технологијата Air Pulse.

Остави ја Jet Bot да внимава на куќата наместо тебе

Провери го домот и милениците со Jet Live, кога и да посакаш и каде и да си.

Спореди правосмукалки

Споредба по спецификации, карактеристики и рецензии

Модел
  • 1 Тестирано врз основа на IEC 62885-2, CL.5.11 со помош на режим Max од страна на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH. Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалната употреба.
  • 2 Се однесува на честички со големина од 0,5 до 4,2 µm.
  • 3 Нивото на емисии на ситна прашина тестирано при празнење на садот за прашина. Врз основа на концентрацијата на PM 10 (µg/m3), максимално ниво во споредба со Samsung VC7000. Врз основа на UL тестови. Резултатите може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба.
  • 4 Вшмукувањето е тестирано врз основа на стандардот IEC62885-2 Cl. 5.8, на влезот на алатката без додатоци, користејќи режим Макс. Врз основа на тестови SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH. Максималната моќ на вшмукување може да се разликува во зависност од моделот.
  • 5 Наведеното време на работа важи за минималното ниво на моќност со прикачена немоторизирана алатка. Максималното време на работа може да се разликува во зависност од моделот.
  • 6 Врз основа на Allergy UK Seal of Approval од BAF (Британската фондација за алергии).
  • 7 Пример за предмети: клима-уред (од исправен тип), фрижидер, ТВ, машина за перење/сушење алишта, прочистувач на воздух, AirDresser, кауч, кревет, полица за книги, маса, Bespoke (фрижидер, машина за миење садови), измет, електричен кабел, крпа/чорап, чаша, стаклена чаша, шишиња, сад, вазна. Препознавањето на предметот може да биде под влијание на неговиот облик или условите на опкружувањето.
  • 8 Тестирано врз основа на IEC 62885-2, CL.5.11 од страна на SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH. Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови на употреба. Се однесува на честички со големина од 0,5 до 4,2 µm.
  • 9 Според тестирање што го спроведе Intertek, согласно референтниот стандард ISO 20743:2013 Поглавје 8.1. Деактивира 99,9 % од Staphylococcus aureus ATCC 6538, Klebsiella pneumoniae ATCC 4352. Оваа функција не е поддржана во САД и Канада ирезултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови на употреба.
  • 10 Резултатите може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба. Прашината и влакната заглавени во мрежата можеби нема да се отстранат со само еден циклус.
  • 11 Вшмукувањето е тестирано врз основа на IEC62885-2 Cl. 5.8 стандард, тестиран на влезот на немоторизираната алатка, во Jet режим. Врз основа на тестирања спроведени од SLG Prüf- und Zertifizierungs GmbH.