VR9500T VC Bespoke Робот правосмукалка со Jet AI што препознава предмети

VR9500T VC Bespoke Робот правосмукалка со Jet AI што препознава предмети

VR50T95735W/GE

Одбери боја

Боја :
  • Чисти интелигентно препознавајќи ги предметите
    Jet AI за препознавање предмети
  • Едноставно похигиенско отстранување прашина
    Clean Station
  • Дополнителна филтрација за да испушта чист воздух
    Напреден 5-слоен систем за филтрирање
  • Лесно моќно чистење
    Моќно чистење

Уживај во поинтелигентно чистење

Чисти интелигентно препознавајќи ги предметите

Jet AI за препознавање предмети

Чисти безбедно и ефикасно. Jet Bot е првата роботска правосмукалка во светот што има Intel AI. Може да препознава и класифицира различни предмети за да чисти блиску околу апаратите, мебелот или други пречки*. А и проценува ако некој предмет е лесно кршлив и може да избегнува предмети што се класифицирани како опасни**.

* Пример за предмети: клима-уред (од исправен тип), фрижидер, машина за садови, ТВ, машина за перење/сушење алишта, прочистувач на воздух, AirDresser, кауч, кревет, полица за книги, маса, измет од миленик, електричен кабел, крпа/чорап, шолја, чаша, шише, длабока чинија, вазна и пес.** Препознавањето на предметот може да биде под влијание на неговиот облик или условите на опкружувањето.

Не заглавувај на мали пречки

Активен стерео 3D сензор

Погрижи се домот да е исчистен без да мора да креваш пречки. Jet Bot е првата робот правосмукалка во светот опремена со моќен активен стерео 3D сензор. Користи 3D камера за продлабочување за прецизно да скенира широка област* за да може да открие и избегне мали предмети на подот што се високи само 1 cm**.

* До 1 m, хоризонтално поле на гледање: 60°, вертикално поле на гледање: 40°.** Мали предмети со ширина, висина и длабочина од околу 1 cm.

Навигира прецизно, а чисти ефикасно

LiDAR сензор

Исчисти го домот поефикасно и потемелно, благодарение на тоа што прецизно ја пресметува својата локација и го оптимизира својот пат. LiDAR сензорот прецизно ја следи локацијата на Jet Bot преку скенирање на просторијата* за да собере информации за растојанието. Па така, ефикасно се движи наоколу и опфаќа поголем дел од домот**.

Навигира прецизно, а чисти ефикасно Навигира прецизно, а чисти ефикасно

* Скенира 360° над област од 6 метри со 10 ротации во секунда.** Според интерно тестирање на површина со мебел уреден слично на домашно опкружување, споредено со конвенционален Samsung VR7000M.

Едноставно похигиенско отстранување прашина

Clean Station

Уживај во практично и хигиенско празнење на садот за прашина на секои 1-3 месеци*. По чистењето, роботската правосмукалка автоматски се враќа до Clean Station којшто ја отстранува прашината**, со помош на технологијата „Air Pulse“. А повеќеслојниот систем за филтрирање фаќа 99,999 % од ситната прашина***

JetBot AI+ docks with its Clean Station, which uses suction to automatically remove dust easily and more hygienically. JetBot AI+ docks with its Clean Station, which uses suction to automatically remove dust easily and more hygienically.

* Може да се разликува во зависност од количеството прашина во реалното опкружување во домот.** Резултатите може да се разликуваат во зависност од индивидуалната употреба. Прашината и влакната заглавени во мрежата можеби нема да се отстранат со само еден циклус.*** Според интерно тестирање во Максимален режим, во согласност со стандардот IEC62885-2 кл. 5.11. Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови во домот.

Дополнителна филтрација за да испушта чист воздух

Напреден 5-слоен систем за филтрирање

Испушта чист воздух со помош на напреден 5-слоен систем за филтрирање. При навлегувањето на воздухот, метална решетка ги фаќа големите честички прашина. Потоа, Jet Cyclone, филтерот од сунѓер и микро филтерот ја фаќаат прашината, а ова е проследено со филтер за ситна прашина. Фаќа 99,99 % од микро прашината, вклучително и честички со големина од 0,5~4,2 µm.

JetBot AI+’s Advanced 5-layered filtration system is composed of a Metal Mesh Grille Filter, Jet Cyclone, Washable Sponge Filter, Washable Micro Filter and Fine Dust Filter to release clean air. JetBot AI+’s Advanced 5-layered filtration system is composed of a Metal Mesh Grille Filter, Jet Cyclone, Washable Sponge Filter, Washable Micro Filter and Fine Dust Filter to release clean air.

* Според интерно тестирање во Максимален режим, во согласност со стандардот IEC62885-2 кл. 5.11. Резултатите може да се разликуваат во зависност од реалните услови во домот.

Сад за прашина кој е лесен за празнење и којшто целосно се мие

Сад за прашина што целосно се мие

Одржувај го садот за прашина чист и лесно празни ја твојата робот правосмукалка. Целиот сад за прашина од 0,2 l, вклучувајќи го мултициклонскиот систем, може да се мие, за да се одржува чист и свеж.

Лесно моќно чистење

Моќно чистење

Исчисти го домот поефикасно со помош на постојано моќно вшмукување овозможено од моторот Digital Inverter и циклонската структура на Jet Cyclone. Високоефикасната четка чисти секаков вид подови, вклучително и теписи и под од тврдо дрво, со помалку заплеткувања.

Чисти со долготрајна моќ на вшмукување

Jet Cyclone

Уживај во почистиот воздух и конзистентната моќ на вшмукување со високо ефикасната, мулти-циклонска структура на системот Jet Bot. Jet Cyclone ја фаќа крупната прашина во филтерот како метална решетка сместен во првата преграда. Втората преграда има 8 посебни циклони што ја фаќаат ситната прашина, што, пак, помага да се намали загубата на вшмукувачка моќ.

Автоматска контрола на моќта на вшмукување

Интелигентна контрола на моќ

Темелно чисти тврди подови и теписи. Интелигентната контрола на моќ* на Jet Bot го идентификува видот на површина и количината на нечистотија. Потоа автоматски ја приспособува моќта на вшмукување за темелно да ја исчисти. Ја зголемува моќта на вшмукување за подлабински да ги исчисти теписите, благодарение на технологијата за контрола на моќ.

*Интелигентната контрола на моќ е достапна само во Smart режим.

Ефективно чистење на секаков вид под

Високоефикасна четка

Чисти ги теписите и тврдите подови поефикасно со помалку заплеткување. Високоефикасната четка на робот правосмукалката има фини влакна направени од меки ткаени текстили, вклучувајќи анти-статичко сребро. Високоефикасните екстрактори ги раситнуваат влакната за да спречат нивно заплеткување околу четката.

Селективно бирај кои простории ќе ги исчисти

Select & Go

Максимизирај ја ефикасноста и заштеди време со тоа што ќе избереш одредени простории кои ќе ги исчисти користејќи ја опцијата Select & Go. Jet Bot ги препознава просториите и може селективно да ги чисти, соба по соба, погрижувајќи се дека твојот дом ќе биде исчистен брзо и ефикасно.

Постави забранети зони за да спречиш пристап

Зони со забранет пристап

Избегнува мебел, одредени простории или други области кои ти ќе ги избереш. Со апликацијата SmartThings* можеш да создадеш „зони со забранет пристап“ или виртуелни ѕидови, избирајќи локации на мапа од твојот дом. Тие ја спречуваат робот правосмукалката да се движи во тие области, без да се поставуваат физички бариери.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.

Лесна далечинска контрола преку паметен телефон

Подобрена Wi-Fi контрола

Со Wi-Fi контролата можеш секаде да го контролираш и надгледуваш Jet Bot. Со апликацијата SmartThings* можеш далечински да организираш да исчисти одредени простории или да поставиш зони со забранет пристап. А може и да следиш каде чисти во реално време и да ги проверуваш милениците или, пак, да видиш што се случува во домот со помош на Jet Live.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.

Далечински проверувај го домот

Jet Live

Провери го домот, каде и да си. Предната камера на Jet Bot може да врши пренос на видео слики во реално време со помош на апликацијата SmartThings*. А, во патролен режим, може да ја следиш состојбата во домот. Поддржува E2EE**, така што видеозаписите се безбедно шифрирани и може да ги види само овластен корисник.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.** Сеопфатно шифрирање.

Следење на напредокот на чистењето во реално време

Live Cleaning Report

Провери го напредокот и состојбата на Jet Bot во реално време користејќи ја апликацијата SmartThings*. Со опцијата Live Cleaning Report брзо можеш да го видиш неговото движење на мапата од домот, каде и да си. Може да видиш кои делови ги исчистил, да го паузираш или да му наредиш да престане. А можеш да ја погледнеш и историјата на чистење.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.

Само проговори, а Jet Bot ќе стапи во акција

Препознавање глас*

Исчисти го домот користејќи го само својот глас! Може да почнеш и прекинеш со чистење, да му наредиш каде да чисти, да му дадеш упатство на роботот да го исчисти садот за прашина и многу повеќе** со помош на Samsung Bixby***, Amazon Alexa**** или Google Assistant*****. Сè додека Jet Bot е поврзан со wi-fi, може да му наредиш каде да се движи

* Достапноста на услугите може да се разликува во зависност од регионот.**Bixby командите опфаќаат креирање распоред, движење, полнење, менување на режимот за чистење, проверување на статусот на роботот и наоѓање на неговата локација*** Bixby препознава само одредени акценти и дијалекти од англиски (Обединето Кралство), англиски (САД), француски (Франција), германски (Германија), италијански (Италија), корејски (Јужна Кореја), мандарински (Кина), шпански (Шпанија) и португалски (Португалија) јазик. Наскоро ќе бидат поддржани и други јазици. Bixby е достапно само на одредени паметни телефони на Samsung. Jet Bot треба да е регистриран со SmartThings. **** Amazon, Alexa и сите поврзани логоа се трговски марки на Amazon.com, Inc. или нејзините поврзани компании***** Google и поврзаните ознаки и лога се трговски марки на Google LLC.

Набљудувај ги своите миленици во секое време и секаде

SmartThings Pet Service

Грижи се за своите миленици во секое време и секаде. SmartThings Pet Service* може да врши пренос во живо од предната камера на Jet Bot AI+. Детектира движење на миленик**, така што може да видиш дека е безбеден и среќен. Може да репродуцира музика и да пристапува до други паметни уреди*** за да ги забавува миленичињата и да ги чува безбедни.

* Достапна на Android и iOS уреди. Потребно е Wi-Fi поврзување и корисничка сметка на Samsung.** Способноста да го препознае миленичето може да се разликува во зависност од видот на милениче и опкружувањето.*** Секој уред треба да се постави за да се оптимизира за миленичиња преку апликацијата SmartThings.

Што има во кутијата

Спецификации

  • Максимална потрошувачка на енергија 170 W
  • Капацитет за собирање прав 0.2 L
  • Димензии на сетот (ШxВxД) 305x136.5x320 mm
  • Нето димензии (ШxВxД) 305x525x450 mm
  • Тежина на цел комплет 4.4 kg
  • Нето тежина 9.5 kg

{{family.currentModel.displayName}}

{{family.currentModel.modelCode}}

Боја : {{chip.displayName}}
{{model.prices.currentPriceDisplay}}
Од {{model.prices.monthlyPrice}} / месечно за {{model.prices.months}} мин
или {{model.prices.currentPriceDisplay}}
Price without VAT: {{model.prices.vatFreePriceFormatted}}

Price with discount: {{model.prices.currentPriceDisplay}}

Price before: {{model.prices.priceDisplay}}

{{model.prices.priceDisplay}} {{model.prices.savePrice}}
  • {{summary.title}}

    {{summary.value}}{{summary.unit}}

  • {{summary.title}}

Спореди ги моделите

Спореди со слични предмети

НЕОДАМНА ПРЕГЛЕДАНО

Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промена.