Кога е најевтиното време за употреба на машината за перење?
Зголемените трошоци за енергија нè инспирираа сите да бараме начини да заштедиме пари. Затоа, како експерти за иновативна, енергетски ефикасна технологија, ја преполнивме оваа страница со совети за намалување на вашите сметки – и откривме кое е најевтиното време за користење на машината за перење. Ако сакаш да прочиташ за намалување на твоите трошоци, на вистинското место си.
Најдоброто време за перење алишта
Подолу, детално ги опишавме најскапото и најевтиното време за користење електрична енергија. За да ги искористиш поевтините часовите на струја, ќе ти треба или мерач со двојна стапка или паметно броило. Овие уреди му дозволуваат на твојот добавувач да евидентира колку користиш во различни периоди од денот. Исто така, ќе треба да се префрлиш на тарифа според времето на користење, која може да е или да не е достапна преку твојот тековен снабдувач.
Часови кога има најголема потрошувачка
Тарифите според времето на потрошувачка обично зависат од побарувачката. Колку повеќе луѓе користат струја, толку е поголема цената. Имајќи го ова на ум, електричната енергија е најскапа во периодот од 16 до 19 часот.*
Часови кога потрошувачката е најмала
Па, дали електричната енергија е поевтина навечер? Обично, да – електричната енергија е најевтина во периодот од 22 часот до 8 часот наутро.* Бидејќи повеќето луѓе спијат во ова време, побарувачката на енергија е најниска.
* Часовите може да се разликуваат во зависност од времето во годината, локацијата и снабдувачот на енергија.
Повеќе совети за заштеда на енергија од Samsung
Кога внимателно бираш кога да переш, дали во стандардно време или во периодот кога побарувачката е најмала, е одличен начин да заштедиш пари. Но, подеднакво важно е и да избереш енергетски ефикасна машина за перење. За максимална заштеда, пронајди апарат со ознака А или Б што ги нуди следниве поставки.
Апликација SmartThings™
Со апликацијата SmartThings™, ти имаш контрола. Тоа ти дава можност да:
EcoBubble™
Технологијата EcoBubble™ го прави перењето алишта помалку макотрпно. Мешајќи воздух, вода и детергент, таа паметно создава меурчиња што ги перат алиштата на пониски температури – помагајќи ти да ги намалиш сметките за струја.
QuickDrive™
Оваа иновативна технологија ги пере алиштата за половина од времето на нормална програма – па дури и ако не можеш да ги переш алиштата во периодот кога побарувачката е најмала, сепак можеш да заштедиш до 20 % во потрошувачката на енергија.
Auto Dosing+
Auto Dosing+ користи четири сензори за автоматско откривање и приспособување на количината на детергент, омекнувач и вода што ти е потребна за перење, врз основа на количината на алишта и колку се валкани – за да не трошиш непотребно ресурси.
Како да заштедиш електрична енергија на друго место во твојот дом
Изборот на најдоброто време за користење на машината за перење не е единственото нешто што може да ти помогне да заштедиш на сметките за струја. Подолу, составивме голем број други начини на заштеда.