Вклучено е едно ремче. Достапноста на моделите и боите може да се разликуваат во зависност од земја или оператор. Сликата е симулирана. Вистинскиот производ може да се разликува од сликата.
Galaxy Watch7 не вклучува ѕиден полнач. Samsung се обидува да го елиминира непотребниот отпад ставајќи приоритет на компатибилноста помеѓу компонентите на производот
*Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
Добре дојде во новата ера на подобро здравје овозможено со Galaxy AI
Батерија за цел ден со новиот процесор од 3 nm. Движи се точно и прецизно со GPS со двојна фреквенција. Следи ги пулсот, тренинзите и спиењето со напредниот сензор BioActive. Потоа, Galaxy AI ќе ти даде корисни увиди во здравјето со енергетските поени и советите за благосостојба за да си ја подобриш својата состојба.
Запознај го Galaxy Watch7, твојот сопатник за секој ден, надграден со AI.
Наредени се три икони за апликации со точки за следење на спиењето, Samsung Health и следење на отчукувањата на срцето. Тие се собираат во едно со икона за следење на спиење на врвот. Се врти кон иконата на апликацијата Samsung Health и се претвора во графикон кој го пополнува бодот за енергија со оценка „92“ што ја прикажува сеопфатната велне
Податоци за здравјето овозможени со Galaxy AI
*Најавувањето на сметката на Samsung може да биде потребно за одредени функции на Samsung AI.
Galaxy Watch7 е свртен нагоре со анимирани облаци кои лебдат над екранот и полумесечина што се појавува со текст „Прв сон“, што ја илустрира важноста на следењето на спиењето.
Персонализиран тренер за спиење
Анимиран маж трча низ лентите на зоната за срцебиење и се одзумира за да се прикаже Galaxy Watch7 на кој има екран за следење на тренингот со разни мерења, како што се времетраењето и срцебиењето.
Напредно следење на тренинзите
Прикажан е задниот дел на Galaxy Watch7, со што се открива инсталираниот процесор. Потоа, часовникот се ротира и на лицето се покажуваат енергетските резултати и дневната активност.
Подобрена моќ на обработка на податоци
Истакнат дизајн
Надгради го својот стил со Galaxy Watch7. Екранот кој изгледа како да лебди и шарените шевови додаваат елемент на елеганција на твојот зглоб, а наборите на ремчето го истакнуваат твојот спортски дух. Часовникот Watch е достапен во S и L големина и има три опции за боја: Зелена, сребрена и кремаста боја.
*Достапноста на бои, големини, модели и ремчиња за часовник може да се разликува во зависност од земјата или операторот.
Моќни перформанси
*Слика симулирана за илустративни цели. Вистинскиот UX/UI може да биде различен.
Нашиот најмоќен процесор за паметен часовник
Новиот процесор од 3 nm ја подобрува твојата секојдневна рутина. Следи го времето, а потоа за миг префрли се на твоите тренинзи. Плус, го оптимизира траењето на батеријата и ѝ дава долготрајна моќ, со цел Galaxy Watch7 да го следи секој твој чекор.
*Типичниот капацитет е тестиран во лабораториски услови на други производители. Типичниот капацитет е проценетиот просечен капацитет, земајќи го предвид отстапувањето во капацитетот на батеријата кај примероците од батерија тестирани според стандардот IEC 61960-3.**Траењето на батеријата се заснова врз резултати од тестирања во интерни лаборатории, спроведени од Samsung, со сценарија на типични начини на користење. Вистинското траење на батеријата може да се разликува во зависност од различните начини на користење, моделот на уредот или производителот на батеријата. Кога е во режим на штедење енергија, некои карактеристики, како што се Wi-Fi поврзување, движења за активирање и други, може да станат недостапни, исто така, може да има ограничувања на брзината на CPU, на употребата на интернет во заднина, како и на услуги за локација.
Надграден сензор биоактивен сензор. Високо напредна прецизност
Биди чекор понапред на патувањето кон подобро здравје со нашиот најнапреден сензор за здравје на Galaxy Watch. Со 13 LED-сијалички, новиот биоактивен сензор со голема прецизност ги следи пулсот, навиките за спиење и повеќе параметри.
*Споредено со претходни Galaxy Watch серии.
GPS со двојна фреквенција. Твојот водич низ бетонската џунгла
Со леснотија најди го патот со нашиот најточен GPS досега на Galaxy Watch. GPS со двојна фреквенција користи два опсега на сателитски сигнали (L1+L5), обезбедувајќи прецизно и непрекинато следење, дури и меѓу густите градски блокови.
*Споредено со претходни Galaxy Watch серии.**Точноста на GPS може да се разликува во зависност од мрежната средина и други фактори.*
Сега напојувано од Galaxy AI
Впуштете се во Вашиот ден со Енергетските поени
Подобро разбери го своето тело и попаметно започни го денот со енергетските поени. Следи ги сонот, пулсот и дневните активности со енергетските поени и испланирај си ја рутината секој ден. Не се одмори доволно? Можеби е подобро да ја прескокнеш теретаната, да останеш дома, да се одмориш и да се вратиш во колосек.
*Енергетските поени се достапни на телефони Android (со Android 10 или понова верзија) и потребна е апликацијата Samsung Health (v6.27 или понова). Потребно е најавување на Samsung account. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земјата или регионот. За да ги провериш Енергетските поени, здравствените податоци кои ги следи часовникот Samsung Galaxy Watch или прстенот Samsung Galaxy Ring мора да бидат синхронизирани со апликацијата Samsung Health App. Потребни се барем податоците од активностите и спиењето од претходниот ден, како и податоците за срцебиењето за време на спиење. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатот е само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
Дозволи ѝ на карактеристиката Smart responses да ги средува твоите пораки
Испраќај пораки брзо и со леснотија. Врз основа на претходните пораки на разговорот, карактеристиката Smart responses подготвува брзи предлози со соодветен тоналитет.
"
*Сликата е симулирана. Вистинскиот UX/UI може да се разликува.**Карактеристиката Smart responses е достапна само на Galaxy Watch7 и Galaxy Watch Ultra. За рачниот часовник се потребни инсталирање на најновата верзија на оперативниот систем Wear и спарување со B6, Q6 или уреди од серијата Galaxy S24 со One UI 6.1.1 или понова верзија, почнувајќи од јули 2024 година.***Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од јазикот и апликацијата.****Точноста на резултатите не е загарантирана."
Вози посилен со персонализиран FTP
Пронајди ја максималната моќност на педалите и достигни ги максималните перформанси. Со мерач на моќност поврзан со твојот паметен телефон Samsung Galaxy, Galaxy AI брзо ја проценува моќноста на функционалниот праг врз основа на пулсот во рок од 10 минути од возењето.
*За да се измери персонализираниот FTP (Функционална моќност на прагот), паметниот телефон Samsung Galaxy мора да биде поврзан на мерач на енергија. За да се пресмета попрецизен FTP, неопходно е да се поврзе Galaxy Watch со паметен телефон. FTP се пресметува автоматски кога возењето велосипед се случува на ниво на среден до висок интензитет повеќе од 4 минути со мерачот на моќност на велосипедот прикачен на вашиот велосипед. Со користење на машинско учење, колку повеќе возите постојано, толку попрецизни и персонализирани вредности на FTP ќе се пресметуваат. Мерачот за моќност за возење велосипед се продава посебно.
Започни ја следната фитнес авантура
Подобри ги секојдневните тренинзи со напредното следење на тренинзите
Подигни ја својата физичка подготвеност на повисоко ниво со Galaxy Watch7. Осмисли совршена тренинг рутина со загревање, истегнување и паузи, или надмини ги своите минати рекорди за да останеш мотивиран. Лесно следи го вежбањето дури и во режим на заклучување за водоотпорност.
"*Карактеристиката Трка е достапна само за трчање и возење велосипед во надворешни средини. За споредбени мерења, потребно е да трчаш по истиот пат којшто е генериран однапред. Корисникот може да споредува така што ќе избере еден од зачуваните резултати кои се стари до 14 денови, **Споредбата на резултати со помош на карактеристиката Трка е достапна само кога почнуваш да вежбаш на истото место каде што си започнал претходниот пат. Автоматски ќе се префрли на режим за трчање ако почетната точка е различна, доколку отстапи од претходниот пат за повеќе од 10%.***Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.****Автоматската детекција на вежби мора да се вклучува во Поставки. Автоматската детекција не е достапна за сите видови вежби.*****Дополнителните ремчиња за часовници се продаваат одделно.
Добиј го признанието и остани мотивиран
Од постигнување на личен рекорд до обид за нова вежба, освојувај признанија што те мотивираат да останеш посветен и да продолжиш напред на твоето фитнес патување.
*Сликата е симулирана.
Набави си тренер за спиење и наспиј се
Започни ја рутината за спиење со следење на спиењето. Од дневниот резултат на спиењето, до пулсот за време на спиењето и персонализираниот тренер за спиење, научи ги ноќните шаблони на однесување и добивај совети што ќе ти го подобрат сонот.
"*Потребна е Samsung Health апликацијата, верзија 6.24 или понова.**Galaxy Watch7 мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android 10.***Функциите за следење на спиењето се наменети само за следење на општата благосостојба и физичките активности. Не се наменети за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба или нарушување на сонот. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.****На тренерот за спиење му се потребни податоци за спиењето од најмалку 7 дена, вклучувајќи ги и двата дена за викенд."
Велнес совети за твоето велнес патување
Добиј персонализирани увиди со Совети за добро здравје врз основа на акумулирани податоци на Samsung Health. Избери ги твоите здравствени цели, следи ги твоите здравствени обрасци и добивај корисни совети прилагодени на твоите цели за здравје.
*Совети за добро здравје достапни на телефони со Android (Android 11 или понова верзија) и бара апликација Samsung Health (v6.27 или понова верзија). Потребно е најавување на сметката на Samsung. Достапноста на услугата може да се разликува во зависност од земја или регион.
**Не е наменет за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на која било медицинска состојба. Резултатот е само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.
Диши лесно со детекторот на ризик од ноќна апнеја
Спиј мирно — и безбедно. Како прв паметен часовник со детекција на ризик одобрена од FDA, Galaxy Watch7 внимава на квалитетот на сонот и помага да се откријат потенцијалните проблеми при спиењето, така што можеш мирно да спиеш.
*За карактеристиката за ноќна апнеја е потребно Galaxy Watch7 да биде спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со оперативен систем Android OS 11 или понова верзија и најновата верзија на апликацијата Samsung Health Monitor app.**Во моментот, карактеристиката за ноќна апнеја е достапна само во избрани земји. За карактеристиката за ноќна апнеја се потребни податоци од спиењето од најмалку 2 дена од последните 10 денови (двата дена не мора да се последователни, но мора да припаѓаат во тие 10 денови).***Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување на каква било здравствена состојба. Резултатите од детекцијата на ноќна апнеја се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
Редовно проверувај ја состојбата на своето срце
Одржувај ги својот спокој со пакетот за следење на срцето. Вградениот PPG сензор на Galaxy Watch7 ги следи пулсот и срцевиот ритам. Ако забележи неправилности во пулсот или ритамот на срцето, ќе испрати известување, а и ќе те поттикне да направиш ECG за подетално да ја испиташ ситуацијата.
*Предупредувањата за срцебиењето се наменети само за следење на општата добросостојба и физички активности. Не е наменето за откривање, дијагноза, лекување, следење или управување со каква било медицинска состојба или болест. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Корисниците треба да побараат медицински совет од лекар.**IHRN карактеристиката може да стане достапна во иднина во други земји или региони и ќе подлежи на регулаторните процеси во секоја земја или регион.***Достапноста на карактеристиката ECG и на Irregular Heart Rhythm Notification (IHRN) може да се разликува во зависност од земјата или регионот. Поради ограничувањата на земјата при добивање одобрение/регистрација за Software as a medical device (SaMD), апликацијата ECG работи само на часовници и паметни телефони купени во земјите каде што услугата е моментално достапна (меѓутоа, услугата може да биде ограничена кога корисниците патуваат во земји каде што не е одобрена услугата). За повеќе информации и новости за земјите каде е одобрена услугата, види на https://117.p.syniva.es/apps/samsung-health-monitor. Не е предвидено за корисници помлади од 22 години. Корисниците не треба да ги толкуваат резултатите или да преземаат клинички мерки според резултатите од уредот без да се консултираат со квалификувано здравствено лице."
Достигни ги здравствените цели со BIA
Сензорот за Bioelectrical Impedance Analysis (BIA) може да го мери телесниот состав — со користење на твоите прсти. Постави цели за тежината, телесните масти и мускулната маса и создади персонализирани програми за да ги постигнеш здравствените цели.
*Компатибилните паметни телефони и достапните карактеристики може да се разликуваат во зависност од земјата/регионот, операторот или уредот.**Не е наменето за откривање, поставување дијагноза или лекување. Наменето само за следење на општата благосостојба и физичките активности.***Карактеристиката Телесен состав е поддржана само на серијата Samsung Galaxy Watch4 и на поновите модели на Galaxy Watch. Карактеристиката Телесен состав не треба да се користи ако имате вграден пејсмејкер или друго вградено медицинско помагало или, пак, ако сте бремени. Сите информации поврзани со здравјето до кои се пристапува преку уредот и апликацијата не треба да се третираат како медицински совет. Резултатите од мерењето може да не бидат точни ако сте помлади од 20 години. Мерењата се само за лична употреба. За совет, консултирајте се со медицинско лице.
Лесно следи ги циклусите преку температурата на кожата
Имај подобар увид во природните ритми на твоето тело благодарение на следењето на циклусот. Сензорот за температура на кожата може да препознае промени во температурата на твојата кожа за време на спиењето и да ги предвиди менструалниот циклус и циклусот на овулација.
*Следењето на циклусот е достапно за предвидување циклус и период што се напојува со природни циклуси. Следењето циклус врз основа на температурата на кожата работи на телефони и часовници купени во поддржаните земји. НЕ ЗА КОНТРАЦЕПЦИЈА. Ако моментално земате хормонална контрола на раѓање или подлежите на хормонален третман кој ја инхибира овулацијата, оваа услуга нема да биде корисна за следење на овулацијата. Предвидувањата се само за лична референца. За да се подобри точноста на предвидувањата, се препорачува да го носите часовникот најмалку 4 часа за време на спиењето, 5 пати неделно. Предвидувањата може да варираат во зависност од правилната употреба на вашиот часовник, влезните податоци, условите на околината итн. Наменето за корисници постари од 18 години. Корисниците не треба да толкуваат или да преземаат клиничко дејство врз основа на предвидувањата направени без консултација со квалификуван здравствен работник. Потребна е најновата апликација Samsung Health.
Јади здраво. Следи ја разликата со индексот AGEs
Здравата исхрана е клучна, но како да знаеш дали делува? AGEs индексот е показател за метаболичко здравје, под влијание на исхрана и начин на живот. Galaxy Watch7 го мери индекс на AGEs за време на спиењето, овозможувајќи да ги провериш резултатите директно на твојот зглоб. Внимавај на твојата исхрана, подобри го твојот животен стил и живеј млад, здрав живот.
*Напредните крајни производи за гликација (AGEs) бараат најавување на сметката Samsung и апликацијата Samsung Health 6.27 или понова верзија. Достапно на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. AGEs е поддржан само во Samsung Galaxy Watch7 и подоцна објавените модели на Samsung Galaxy Watch.
**Не е наменет за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на која било медицинска состојба. AGEs индексот е само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.
***Galaxy Watch7 користи светлосни сензори кои работат во границите поставени со безбедносните прописи. Сепак, луѓето со фотосензитивна кожа може да имаат негативни реакции на светлина, како што се промена на бојата на кожата или осип. Треба да избегнувате да ја користите оваа функција ако почувствувате симптоми на фотосензитивност.
*Напредните крајни производи за гликација (AGEs) бараат најавување на сметката Samsung и апликацијата Samsung Health 6.27 или понова верзија. Достапно на уреди со Android OS 10 (Q OS) или понова верзија. AGEs е поддржан само во Samsung Galaxy Watch7 и подоцна објавените модели на Samsung Galaxy Watch.
**Не е наменет за употреба при откривање, дијагностицирање, лекување на која било медицинска состојба. AGEs индексот е само за ваша лична референца. Ве молиме консултирајте се со медицинско лице за совет.
***Galaxy Watch7 користи светлосни сензори кои работат во границите поставени со безбедносните прописи. Сепак, луѓето со фотосензитивна кожа може да имаат негативни реакции на светлина, како што се промена на бојата на кожата или осип. Треба да избегнувате да ја користите оваа функција ако почувствувате симптоми на фотосензитивност.
Твојот водич кон подобро здравје
Пристапи и управувај со детални информации за твоето здравје и општа благосостојба преку апликацијата Samsung Health app на твоите Samsung Galaxy уреди. Внесувај детални забелешки за да ги постигнеш посакуваните цели. А, кога ти треба време за да се опуштиш, одвој една минута со Calm.
*Потребна е верзија на апликацијата Samsung Health 6.24 или понова. **Galaxy Watch7 мора да биде поврзан со паметен телефон Samsung Galaxy со Android 11.
Детектор на паѓање. Внимава на тебе
При пад, Galaxy Watch7 може да ти помогне со детекторот за паѓање. Небитно дали си паднал додека си вежбал или спиел, часовникот го препознава тоа и прашува дали ти е потребна помош. Во други итни случаи, притисни го петпати копчето за почетен екран за SOS повик до службите за итни случаи.
*Galaxy Watch7 мора да ја има инсталирано најновата верзија на Wear OS. **Функцијата за откривање падови мора да биде овозможена на апликацијата Samsung Galaxy Wearable на вашиот паметен телефон Samsung Galaxy за да се користи Откривање паѓање на часовникот. ***Итниот повик бара мрежно поврзување или спарување со паметен телефон Samsung Galaxy. ****Информациите собрани од часовникот, апликацијата Samsung Health или поврзаниот софтвер не се наменети за дијагностицирање, лекување, ублажување, лекување или спречување на болести или други состојби.
Одбери соодветно ремче за секоја пригода
Стави ремче што е специјално дизајнирано за твојата активност — од пливање, спиење, трчање и други активности — и потоа направи го твое со одбирање од нашите различни опции за боја. Или едноставно менувај ремчиња со само еден клик. Приспособи ги ремчето и лицето на часовникот да одговараат на твојот стил.
*Дополнителните ленти за часовници се продаваат одделно.
Опцијата „штипни двапати“ секогаш ќе ти се најде
Кога добиваш повик, а рацете ти се зафатени, само „штипни двапати“ за да одговориш на повикот. Сѐ што е потребно е едноставен потег за да направиш фотографија, да одговориш на повик или да исклучиш аларм.
*Карактеристиката „штипни двапати“ е исклучена според стандардните фабрички поставки. За да ја користите карактеристиката, таа мора да биде овозможена на апликацијата Samsung Galaxy Wearable app.**Galaxy Watch7 мора да е спарен со Samsung Galaxy паметен телефон со One UI 6.0 или понова верзија.***B6 се продава одделно.
Провери ги статусите за твојата активност на голем екран
Брзо пристапни до напредокот во дневните активности на спарениот Samsung Galaxy паметен телефон — вклучувајќи ги твоите чекори, часови спиење, согорени калории и повеќе.
*B6 се продава одделно.**Galaxy Watch7 мора да се спари со компатибилен мобилен уред.
{"reviewsEnabled":true,"reevooEnabled":false,"bazaarVoiceEnabled":false,"priceDisplayEnabled":false,"wtbCtaBtnEnabled":false,"offerCheckEnabled":false,"calculateFinancingEnabled":false,"twoCtaBtnEnabled":false,"pfPdUrlAnchorCheckEnabled":false,"slingSettingsService":{"logger":{"name":"org.apache.sling.settings.impl.SlingSettingsServiceImpl"},"slingId":"6600d4f6-a175-48b3-8598-63d6c3d36216","slingHome":"/aem/publish/crx-quickstart","slingHomeUrl":"file:/aem/publish/crx-quickstart/","runModes":["prod","s7connect","crx3","nosamplecontent","publish","live","crx3tar"],"slingProps":{}},"isEnableSite":true,"isShopOfferUseSite":false,"isHybrisSite":false,"isHybrisIntegrationSite":false,"isHybrisNewSite":false,"isGpv2site":false,"isShopSite":false,"isTaskOnlySite":false,"siteCode":"mk","searchPlaceholder":"Galaxy Z Fold6","searchPlaceholderEpp":"Galaxy Note10","hreflang":"mk-MK","languageCode":"mk","jcrLanguage":"mk_MK","countryCode":"MK","countryLocalName":"Северна Македонија","titleOption":"B","facebookYn":"Y","googleYn":"N","twitterYn":"Y","timeformat":"dd/MM/yyyy","priceCurrency":"MKD","timeZoneCheck":"Y","cookieManageCtaYn":"Y"}
*Карактеристиките, спецификациите и визуелните елементи на производот се предмет на промени.
*Расположливата корисничка меморија е помала од вкупната корисничка меморија на уредот поради простор кој го одземаат оперативниот систем и програмите неопходни за нормално функционирање на производот.
*Достапната количина на меморија на корисникот може да варира во зависност од мобилниот оператор и може да се промени по ажурирањето на софтверот.
Добијте предупредување за акциите
Со внесување на Вашата е-пошта добивате известување кога производот ќе го има повторно на залиха и кога ќе биде достапен за купување.
Please double check your email address.
We will email you when inventory is added.
Благодариме.
Aquí podrás navegar y comprar tal y como lo harías en la web de la tienda o marca desde la península. Tu
experiencia de compra y el surtido al que podrás acceder será exactamente la misma. Syniva solo actúa como
intermediario para poder llevarte el pedido a canarias y puedas ahorrarte el IVA.
Escoge el producto que quieras y añádelo al carrito, te mostraremos el PVP de península y el de Syniva
descontándote el IVA. Así podrás ver claramente lo que te ahorras. El total del resumen de compra incluye todos
los gastos por lo que ¡No te llevarás ninguna “sorpresa” al recibir tu pedido!
Ten encuenta que navegas en la web que la marca o tienda online ofrece a los residentes de la península y es
posible que veas información o condiciones específicas para ese territorio. Recuerda que tienes toda la información
de Syniva en el apartado de ayuda: métodos y costes de envío, métodos de pago y cualquier información relativa a
los servicios de Syniva . Para cualquier consulta puedes ir al apartado de Faqs del menú ayuda o escribirnos a
[email protected]
¡Disfruta de tus compras!
?
Cargando...
Se ha añadido un nuevo artículo en tu cestaVer CestaSeguir comprando