Како да ја користам мојата машина за миење садови (Тип 2) со SmartThings?
Поврзете ја вашата Samsung машина за миење садови со апликацијата SmartThings и управувајте со кујнските работи со едноставен допир. Преку апликацијата SmartThings ќе го најдете најефикасниот начин да заштедите време и енергија.
Искусете различни функции со SmartThings
Апликацијата SmartThings може да биде едноставен, лесен далечински управувач за вашиот уред. За да ги користите различните и практични функции на машината за миење садови преку апликацијата, поврзете ја вашата Samsung машина за миење садови со апликацијата SmartThings на вашиот Smart телефон. Потоа, едноставно изберете и допрете ги функциите на екранот што ги сакате.
Проверете дали машината за миење садови и Smart телефонот се во Wi-Fi мрежата пред да започнете. Сите функции се достапни со Wi-Fi конекција. Откако ќе се најавите на апликацијата SmartThings со вашиот Samsung Account и ќе ги изберете поставките, апликацијата SmartThings и машината за миење садови автоматски ќе се синхронизираат.
Имајте предвид дека поврзувањето на апликацијата SmartThings и достапните функции може да се разликуваат во зависност од моделот на машината за миење садови што го имате.
Истражете ги главните функции на SmartThings
Имајте предвид дека категориите на почетниот екран на SmartThings може да се разликуваат во зависност од локалните околности или моделот на уредот што го имате.
Како да го поставите основниот циклус на миење
Едноставно и лесно е да се постави основен циклус на миење. Следете ги чекорите подолу. Можете да додадете дополнителни поставки за циклусите на екранот.
Како да го користите упатството за употреба
Упатството за употреба дава детални упатства за секое полнење на садови, како да се користи детергент, филтри за чистење итн.
Како да го користите Downloaded cycle
Допрете Downloaded cycle за да изберете посебен циклус за користење директно од вашата машина за миење садови.
Забелешка:
- Достапните технологии и функции може да се разликуваат во зависност од земјата, давателот на услуги, мрежното опкружување или производот.
- Пред да ја испробате врската со апликацијата, проверете дали софтверот на вашиот уред и сродните апликации се ажурирани на најновата верзија.
- Сликите на мобилниот екран на оваа содржина може да се разликуваат во зависност од моделот на уредот што го имате.
Благодариме за повратните информации
Одговори на сите прашања.
Code to Open Chat Window